Ферги откри тајна за тренинг центарот на Јунајтед
Најсовремената тренинг база на Манчестер Јунајтед во случај на воена состојба ќе се претвори во нива за компири!. Тајната ја откри легендарниот тренер на „црвените ѓаволи“, Сер Алекс Фергусон кој објасни дека тоа се должи на специјалната клаузула во договорот за откуп на земјиште на која во моментов е изградена базата на Јунајтед.
„Кога дојдов во клубот Клиф (старата база на клубот), се беше одлично. Клубот почна да расте. Моравме да направиме дополнителни соблекувални за играчите. Тогаш почнав да размислувам за место околу Манчестер за да изградиме нова база за тренинзи. Површината што ја зедовме беше околу 28 акри, но, имаше ограничувања што уште не можам да ги разберам. Некои од нив беа дека во случај на војна, треба да ја претвориме земјата во полиња со компири“, рече сер Алекс Фергусон.