Њукасл наскоро со нов газда
Премиерлигашот Њукасл Јунајтед конечно би можел да добие нов газда во ликот на принцот од Саудијска Арабија, Мохамед бин Салман.
Како што пишуваат медиумите од Англија, отстранет е единствениот проблем кој го кочеше купувањето на популарните “чавки“ од Њукасл.
Проблемот беше помеѓу Англија од една страна и Саудијска Арабија од друга, а се однесуваше на спорното односно илегалното пренесување на натпреварите од Премиер лигата во Саудијска Арабија.
Спорот е решен со потпишување на договор со Беин спорт за откуп на правата за пренесување на Премиер лигата.
Шеикот Мохамед бин Салман сега може да го откупи Њукасл од сегашниот сопственик Мајк Ешли за сума од 300 милиони евра.
После купувањето на клубот, најавени се голем број на засилување со купување на играчи и доведување на нов тренер.