Леванте и Барди добија нов тренер
Леванте го назначи Хавиер Переира за главен тренер, потврдија од раководството на шпанскиот клуб.
Договорот на Переира е со важност до 2022 година, со опција за негово продолжување за уште две сезони. Екипата од Валенсија го отпушти претходникот на Переира, Пако Лопез и остана без тренер по поразот од 0-1 против Мајорка во Ла Лига. Леванте засега е без победа од стартот на новото првенство, со освоени 4 бода на 8 одиграни натпревари.
Хавиер Переира неодамна работеше во Хенан од Кина, а е поранешен тренер на Алавес. Во екипата на Леванте беше помошник тренер во периодот од 2011 до 2013 .