Ристовски: Треба да одговориме со тактичка дисциплина против Германците
Стефан Ристовски на прес-конференција пред дуелот со Германија, нагласи дека треба да се излезе на теренот со максимална дисциплина во сите сегменти.
„Денес сите сакаат да играат фудбал без разлика на големината на противникот. Нормално секој селектор си има идеи. Ние сме професионалци, тука сме да излеземе, да тренираме, да анализираме, да изгледа на подобар начин. Теренот е најдобар показител и наше е да одговориме со тактичка дисциплина. Горан недостасува и ќе недостасува. Целта ја постигна и нема на што да се враќаме. Барди е значаен играч, жал ми е што нема да присуствува. Ако не е Барди, тука е друг, така да имаме доволно квалитет да се спротивставиме“, рече Ристовски.