Нејмар со последен настап на Светско првенство
Следното Светско првенство кое ќе се одржи во Катар наредната година, изгледа дека ќе биде последно за Нејмар. Бразилскиот напаѓач тоа го објави во документарен филм посветен на него.
“Мислам наредново Светско првенство ќе биде последно за на кое ќе настапам како играч. Мислам дека ќе ја немам физичката и ментална сила да продолжам да играм фудбал за Бразил. Ќе направам се што е во моја моќ на мојот последен настап, репрезентацијата на Бразил да го освои шампионатот и да го исполнам мојот детски сон. Се надевам дека ќе успеам во планираното“, искоментира играчот на ПСЖ.
Нејмар кој ќе наполни 30 години, зад себе има настап на две светски првенства како репрезентативец на Бразил но никогаш не бил шампион на светот.