Брозовиќ ќе го предаде Интер и ќе потпише за соседот Милан
Марсело Брозовиќ е еден од најважните фудбалери на Интер, но неговиот договор со „нероаѕурите“ завршува следното лето. Италијанските медиуми пренесуваат дека двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Имено, Брозовиќ моментално заработува 3,5 милиони евра и бара со новиот договор плата од 5,5 милиони евра, додека Интер не може да си дозволи такво зголемување. Таквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој е спремен да ги задоволи финансиските барања на Хрватот и да го донесе без обештетување.
Иднината на Франк Кеси во Милан е неизвесна, а тренерот Пиоли во Брозовиќ гледа идеална замена.