Феран Торес шест недели во аут.

Екипата на Манчестер Сити ќе биде без Феран Торес во следните шест недели. Причината за ова е малата фрактура на десната нога, која Шпанецот ја доби во финалниот натпревар против Франција во Лигата на нации.

Феран Торес, кој имаше одличен настап во полуфиналето против Италија и беше избран за играч на натпреварот со постигнати два гола, ќе пропушти девет средби. Пеп Гвардиола нема да може да рачуна на Торес и на дербито со Манчестер Јунајтед, со што значително ќе биде ослабен изборот на играчи во нападот на актуелниот шампион во Премиер лигата.