Џерард ќе ја одбие понудата на Њукасл
Стивен Џерард, кој седи на кормилото на Глазгов Ренџерс, нема намера да прифати понуда од новите сопственици на Њукасл.
Богаташите од Саудиска Арабија ќе му дозволат на Стив Брус да дојде до илјадитиот меч и веднаш потоа веројатно ќе ја прекинат соработката. Воедно самиот тренер изјави дека очекува разделба со оглед на тоа што пристигнуваат нови газди. На тоа реагираше Џерард.
„Нема да лажам, ги следам случувањата во Њукасл, но, само поради една причина. Брус ќе го води 1000-от меч како менаџер. Максимално го почитувам“ , вели поранешниот англиски фудбалер.