Реал патува во Украина без Бејл и Азар
Еден Азар и Герет Бејл, ќе го пропуштат гостувањето на Реал Мадрид кај Шахтјор од Доњецк во натпреварот од групната фаза на Лигата на шампионите.
Двајцата играчи на „Кралскиот клуб“ се повредени и не се во списокот на Карло Анчелоти. Италијанскиот стратег исто така нема да може да смета на услугите на Дани Карвахал, Иско и Лука Јовиќ.
Натпреварот во Украина ќе се одигра во вторник во 21.00 часот. За изненадување, лидер во групата „Д“ е дебитантот Шериф Тираспол со освоени 6 бода. Реал Мадрид има 3, додека екипите на Шахтјор и Интер освоија по 1 бод.