Њукасл го сака Симеоне на клупата на својот проект
Новите богати сопственици на Њукасл имаат за цел да го развијат клубот по моделот на Атлетико Мадрид и поради тоа нивна најголема желба е тренерот Диего Симеоне.
Токму поради тоа шеиците нема да жалат пари за да го донесат Симеоне на кормилото и тоа во „пакет“ со спортскиот директор на „јорганџиите“ Андреа Берта, открива „АС“.
Планот е прво да биде донесен Берта, кој веќе 9 години работи во Атлетико Мадрид, а Њукасл ќе му даде одврзани раце околу трансферите и огромен буџет.
Сопствениците на Њукасл се надеваат дека токму тој ќе биде човекот кој ќе го убеди Диего Симеоне да се пресели на „Сент Џејмс Парк“. Тоа воопшто нема да биде лесно бидејќи Аргентинецот во моментов е најплатен тренер во светот со околу 30 милиони евра по сезона.