Барселона го “краде“ Мбапе од Реал?
Според информациите кои ги пишува весникот “АС“, Барселона се вклучила во борбата за потписот на Килијан Мбапе. И покрај постојаните информации за тешката финансиска состојба во Барса клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да издвои 90 милиони евра за услугите на репрезентативецот на Франција.
Пред неколку месеци Килијан Мбапе одби да потпише нов договор со Париз Сен Жермен и на крајот од сезоната ќе биде слободен играч.
Како што е добро познато најголем фаворит за доведување на Мбапе досега беше Реал Мадрид, но ќе видиме дали Барса со својата најнова понуда ќе успее да го привлече Французинот да премине во нивните редови.