Јуве ќе испрати понуда за Аксел Витсел во зимскиот преоден рок

Аксел Витсел ќе биде главната трансфер цел на Јувентус во јануари и покрај тоа што има 32 години. Белгискиот играч за врска има договор со Борусија Дортмунд, кој истекува во јуни 2022 година, но на „бјанконерите“ итно им требаат засилувања на средината на теренот и ќе се обидат да го активираат неговиот трансфер пред почетокот на следното лето.

„Старата дама“ планира сериозни рокади во својот среден ред. Вестон Мекени и Арон Ремзи можат да бидат продадени, а торинскиот клуб се надева дека ќе се ослободи од огромната плата на Велшанецот која изнесува преку осум милиони евра.