Мурињо ги посакува Далот и Линделоф во Рома
Тренерот на Рома, Жозе Мурино сака да ја засили одбраната на екипата и да ги доведе дефанзивците на Манчестер Јунајтед, Диого Далот и Виктор Линделоф. Португалецот е подготвен да испрати понуда до неговиот бивш клуб за доведување на Португалецот Далот како позајмен играч, а додека за Линделоф, од Рома би испратиле директна понуда за купување.
Според информациите од Манчестер, 22-годишниот Далот е разочаран што не добива доволно шанси за настап во тимот од Олд Трафорд по неговото пристигнување од Порто пред три години. Што се однесува до Швеѓанецот Линделоф, тој најверојатно ќе го загуби стартното место во тимот од Рафаел Варан кој пристигна како силно засилување во екипата и не е исклучена можноста да бара клуб каде би имал загарантирано место.