Ливерпул ќе го раскине договорот со Кариус, голманот бесплатно може да избере нов клуб
Лорис Кариус е член на Ливерпул, но дресот на „црвените“ не го носел уште од финалето во Лигата на шампионите во 2018 година кога не се прослави. Германецот бранеше на позајмица во Бешикташ, а потоа и во Унион Берлин. Турците го вратија поради пропустите, а во германскиот тим минатата сезона одигра само четири натпревари.
Ова лето не успеа да пронајде нов тим, па остана во Ливерпул, но секако нема прилика да брани. Клубот донесе одлука да му излезе во пресрет и да го пушти во јануари да си замине без оштета.
На Кариус е да пронајде клуб кој сака да го ангажира и може да се пресели бесплатно.