Јирген Клоп го носи Харви Барнс во Ливерпул

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, има желба во летниот период да го доведе крилниот играч на Лестер, Харви Барнс во тимот од „Енфилд“.

Клоп е голем обожавател на младиот Барнс и веќе од поодамна го следи неговиот развој како играч во тимот на Лестер.

23-годишниот Англичанец дебитира за првиот тим на бившиот шампион на Премиер лигата во 2016 година, и има 111 настапи за клубот. Оваа сезона Барнс продолжува со одличните игри во дресот на популарните „лисици“, каде на 12 натпревари има постигнато 2 гола и 2 асистенции.

Харви Барнс неодамна го продолжи договорот со Лестер до 2025 година а проценетата вредност на играчот е околу 35 милиони евра.