Раиола го носи Халанд во Барселона?
Според информациите кои ги пренесува каталонскот портал „Ел Национал“ Мино Раиола сака да го одведе Ерлинг Халанд во Барселона.
Менаџерот на ѕвездата на Борусија Дортмунд е во одлични пријателски односи со претседателот на Барселона, Жоан Лапорта и е подготвен да издејствува договор за негов премин на „Ноу Камп“ во 2022 година.
Како што е познато откупната клаузула на Ерик Халанд која изнесува 75 милиони евра ќе стане активна следното лето, но Раиола е отворен за компромис со Барса поради нивната незавидна финансиска состојба.