Агуеро три месеци надвор од терените заради аритмија
Серхио Агуеро на мечот со Алавес излезе од игра во првото полувреме поради проблеми со дишењето. Потоа во болница му беше дијагностицирана аритмија, а денес стана јасно колку време ќе биде надвор од терените.
Барселона денес преку официјално соопштение потврди дека Агуеро ќе паузира подолг период, конкретно три месеци. Аргентинецот ќе остане уште неколку дена во болница додека не се утврдат причините поради кои довело до аритмија.
Барселона веќе има доволно проблеми, па ова е дополнителен удар за Каталонците кои ќе бидат три месеци без искусниот голгетер.