Лука Модриќ сонува да заигра на новиот „Сантијаго Бернабеу“

Хрватот во дресот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, се надева дека ќе потпише нов договор со клубот со кој би заиграл на „новиот“ клубски стадион пред да стави крај на својата кариера.

Како што пишува весникот „АС“, раководството на Реал и самиот Модриќ знаат дека неговата играчка кариера е при крај но постои расположение за продолжување на договорот на уште една дополнителна година.

36-годишниот Модриќ, во една негова изјава кажа дека сонува да заигра на реновираниот „Сантијаго Бернабеу“ кој би требало да биде завршен до крајот на 2022 година.

https://twitter.com/realmadrid/status/1456290150431051783?s=20