Интер му нуди договори на Балканците, но со намалени плати

Интер на својот голман Самир Хандановиќ и фудбалерот Иван Перишиќ ќе им понуди договори со намалување на платите.

Клубот од Милано сака да ги намали платите на играчите за речиси половина. Сега Хандановиќ добива 3,5 милиони евра годишно плус бонуси, додека Перишиќ е платен 5 милиони евра. Покрај Интер, Хандановиќ има настапувано и за Удинезе, Тревизо и Лацио. Договорот на 36-годишниот голман со миланскиот клуб е со важност до летото 2022 година.

Оваа сезона Хандановиќ одигра 12 натпревари за Интер. Договорот на Перишиќ исто така е до крајот на оваа сезона. Во сезоната 2021/22, хрватскиот играч за врска одигра 10 натпревари, постигна два гола и една асистенција.