Клоп загрижен за повредата на Мане
Јирген Клоп внимателно ќе ја следи ситуацијата со репрезентативецот на Сенегал, Садио Мане, кој вчера беше принудно повлечен од игра на квалификацискиот меч со Того.
Напаѓачот на англискиот состав мораше да го напушти теренот во 28. минута откако доби непријатен удар. Селекторот на Сенегалците, Алиу Сисе, по дуелот побрза да ги смири страстите кај англичаните велејќи дека промената била само мерка на претпазливост.
Ливерпул во наредната рудна во Премиер-лигата го очекува дерби мечот со Арсенал а Клоп најверојатно ќе го остане без услугите на Џордан Хендерсон, кој исто така се повреди додека беше во кампот со Англија.