Барса нема пари за зимски засилувања
Барселона во овој момент не е во позиција да доведува нови играчи во јануарскиот преоден рок.
Како што стојат работите Чави веројатно до крајот на сезоната ќе може да смета само на постоечкиот кадар. И ова не се медиумски шпекулации, туку најава на спортскиот директор на клубот Матео Алемани.
Каталонскиот гигант има проблеми, поради тие проблеми мораше и Меси да си замине и ситуацијата се уште не е во целост решена. Поради тоа клубот можеби нема да може никого да доведе во преодниот рок кој следи.
„Ќе видиме што ќе биде во јануари. До тогаш има уште месец ипол и работиме на тоа. Во овој момент не постои шанса некого да доведеме во јануари, но ќе видиме како се ќе сизгледа во јануари“, изјави Алемани.