Супер вест за тренерот Симеоне – Гризман доби право на настап против Милан во ЛШ

Еден од најдобрите поединци во екипата на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман, ќе може да игра во натпреварот од Лигата на шампионите против тимот на Милан.

Французинот требаше да паузира на два натпревари поради црвениот картон заработен на средбата со Ливерпул, но УЕФА ја прифати жалбата на Атлетико и ја намали казната на само еден натпревар која Гризман веќе ја одработи.

Екипата на Диего Симеоне после четири одиграни кола во ЛШ, се наоѓа на третата позиција со совоени 4 бода. Пред него се Порто со пет и Ливерпул со 12 бода. Последното место му припаѓа на Милан кој има само еден бод.