Њукасл ќе понуди огромна сума за Душан Влаховиќ
Инвестицискиот фонд од Саудиска Арабија откако го презеде Њукасл сега е спремен да вложи голема сума за реконструкција на тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека Њукасл ќе може да потроши меѓу 200 и 250 милиони евра во зимскиот преоден рок, а така нема да го загрози финансискиот фер-плеј (ФФП).
Прва мета е Душан Влаховиќ, кој блеска во дресот на Фиорентина и за чиј потпис се борат голем број на европски гиганти. 21-годишниот напаѓач моментално е прв стрелец во Серија А, но јасно е дека ќе ја напушти Фиорентина откако одби да го продолжи договорот.
Многу европски клубови веќе ја започнаа битката за неговиот потпис, но Њукасл сака да ја победи конкуренцијата и спремил понуда од 83 милиони евра.
Притоа, Њукасл му нуди на Србинот двојно поголема плата од таа што му ја нудат Јувентус и Тотенхем во моментов.