Аријан Адеми остана без тренер, Крзнар си поднесе оставка во Динамо Загреб

Од Динамо Загреб стигна информација дека Дамир Крзнар си поднел оставка на местото тренер на екипата.

Како причина за оставката,Крзнар го наведува поразот на Динамо од 3:1 во четвртфиналниот дуел од купот на Хрватска против екипата на Ријека.

„Изразуваме благодарност до тренерот Крзнар за успесите кои ги постигна во работата со тимот, освоената дупла круна во минатата сезона и пласманот во четврт-финалето од Лига Европа. За идните планови на клубот , јавноста ќе биде навремено известена“, соопштуваат од Динамо Загреб.

Дамир Крзнар беше тренер на екипата од март оваа година кога пристигна како наследник на Зоран Мамиќ.