Лингард ќе биде првото засилување на Саудијците во Њукасл
Парите за Њукасл нема да бидат проблем и затоа клубот ќе сака да се засили во јануари со цел да избегне испаѓање од Премиер лигата. Џо Кол веќе најави дека според неговите информации Њукасл во зимскиот преоден рок ќе потроши помеѓу 200 и 300 милиони евра.
Сега реномираниот „Тајмс“ пишува дека една од главните желби на Њукасл ќе биде Џеси Лингард и него ќе се обидат да го направат најплатен во клупската историја. Лингард секако е квалитетен фудбалер, но во Манчестер Јунајтед не добива прилика за игра и сезонава настапи само на 11 натпревари и постигна два гола.
Лингард во минатата сезона во вториот дел од полусезоната беше во Вест Хем на позајмица и прикажуваше фантастични настапи. На 16 натпревари за Вест Хем постигна девет голови и подели пет асистенции. Тој е еден од најзаслужниот што Вест Хем игра во Лига Европа оваа сезона.