Сент Етјен го отпушти тренерот Пуел
Тренерот Клод Пуел не е повеќе тренер на францускиот Сент Етјен. Тој доби отказ по поразот на домашен терен од тимот на Рен со 0:5, во натпревар од 17.коло на француското првенство.
Од Сент Етјен за отказот на тренерот Клод Пуел објавија официјално соопштение на клубската веб страна во кое се вели дека одлуката за негова смена ја донел извршниот претседател на клубот.
60-годишниот Пуел беше поранешен тренер во англиската Премиер лига каде ги водеше екипите на Лестер и Саутемптон.
Сент Етјен е на последното место од табелата во Лига 1 со освоени 12 бода по 17 одиграни натпревари.