Дејан Станковиќ можен нов тренер на Сампдорија

Според италијанските новинари, екипата на Сампдорија постигнала начелен договор со Дејан Станковиќ за преземање на тренерската позиција во клубот од Џенова.

Меѓутоа од Црвена Звезда, клубот во кој 43-годишниот Станковиќ е актуелен тренер, бараат плаќање на финансиска отштета од Сампдорија за предвремен раскин на договорот со него кој е со важност до 2024 година.

Сега останува да се види дали претседателот на калчолигашот има намера да го плати обештетувањето за Србинот.

Дејан Станковиќ на клупата на Сампдорија би го заменил Роберто Д`Аверса кој се очекува да добие отказ после слабите резултати на клубот оваа сезона.