Емери: Горд сум на фудбалерите, покажавме упорност и стабилност

Тренерот на Виљареал, Унаи Емери беше повеќе од среќен по победата од 3-2 над Аталанта во одложениот натпревар од последното коло во групата Ф од Лигата на Шампионите.

Овој успех и обезбеди на неговата екипа пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите. Затоа, тренерот верува дека неговиот тим има со што да се гордее.

„Видовте колку е тешко да се соочиш со Аталанта. Тие се меѓу елитните тимови во Италија и играат прекрасен фудбал. Тие исто така се во одлична форма. Мора да покажете одлучност против таков тим. Знаевме дека не можеме да се опуштиме на 3-0. Во Лигата на шампионите покажавме упорност, самодоверба, стабилност што ни требаше. Можеме да бидеме горди. Сега е добар момент за славење. Во следната фаза ќе имаме многу силни противници, но ќе се обидеме да го извлечеме максимумот од тоа“, рече Емери по натпреварот со Аталанта.