Стив Кер е новиот селектор на американската кошаркарска репрезентација

Стив Кер кој е главен тренер на НБА тимот Голден Стејт Вориорс, ќе биде наследник на Грег Поповиќ на селекторското место на кошаркарската репрезентација на САД.

Кер кој досега беше дел од стручниот штаб на легендарниот Поповиќ, ќе ја предводи репрезентацијата на Светското првенство во 2023 и Олимпијадата во Париз 2024 година.

Стив Кер е трикратен НБА шампион со тимот на Голден Стејт.

https://twitter.com/sportingnews/status/1469425966749474820?s=20