Лидс Јунајтед и Борусија Дортмунд ќе нудат огромни пари за Елиф Елмас

Според турските медиуми специјализирани за спортски вести, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е трансфер мета на Лидс Јунајтед и Борусија Дортмунд.

Овие два клуба во наредниот период подготвуваат високи финансиски понуди со кои ќе пробаат да го убедат сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, да го продаде Елмас.

Нашиот „Дијамант“ оваа сезона прикажува одлични партии во клубот од Серија А, со кој има договор до 2025 година. Малку е веројатно дека тренерот Спалети ќе се согласи така лесно да се ослободи од Елмас за кого во повеќе пригоди има изјавено дека многу го цени бидејќи е прав војник на теренот.

Според некои истражувања, моменталната цена на Елиф Елмас на фудбалскиот пазар изнесува околу 70 мииони евра.