Миралем Пјаниќ останува во Бешикташ
Играчот од средниот ред на Бешикташ, Миралем Пјаниќ се чини дека ќе остане во турскиот тим до завршетокот на сезоната.
Репрезентативецот на Босна и Херцеговина за Бешикташ настапува како позајмен играч на Барселона, и затоа се појавија информации дека е можно негово враќање на „Камп Н оу“ во јануари. Меѓутоа играчот е задоволен од условите во Бешикташ и планира таму да ја одигра целата сезона.
„Пред да дојдам овде слушнав многу за турските навивачи. Сум играл на многу големи стадиони и пред голем број на публика, но да се игра за Бешикташ е посебно. Јас сум тука за да успеам и се надевам дека ќе можеме да ја возвратиме љубовта на навивачите“, изјави Пјаниќ.
Оваа сезона Пјаниќ настапи на 10 натпревари за Бешикташ во турскиот шампионат.