Клоп: Мора да го менуваме календарот, не смееме да играме на секои два дена во ковид-пандемија

Јирген Клоп изрази незадоволство од збиената програма на Премиер лигата и го повика раководството на шампионатот да интервенира.

„Црвените“ на 26 декември ќе му гостува на Лидс во натпревар од 19. коло а два дена потоа ќе одат кај Лестер на меч од 20. коло. Клоп вели дека е дојдено време да се преземат соодветни мерки.

„Верувам дека треба да бидеме внимателни со планирањето на средбите. Немаме време за опоравување и подготовка за играчите, тоа е клучно. Мислам дека не е правилно да се инсистира тимовите да играат на секои два дена во тековнава ситуација со ковид-19“,  нагласи Клоп.