Пресврт во преговорите, Коман ќе го продолжи договорот со Баерн

Кингсли Коман наскоро може да го обнови договорот со клубот од Минхен, објавија медиумите во Германија.

Според истите, преговорите меѓу двете страни се во напредна фаза. Новиот договор се очекува да биде склучен во првите месеци од 2022 година. Актуелниот договор на Коман со Баерн Минхен е до летото 2023 година.

Да потсетиме дека Коман се пресели во Баерн Минхен од Јувентус во 2017 година за 17 милиони евра. Оваа сезона 25-годишниот француски фудбалер учествуваше на 10 натпревари во германското првенство и постигна 4 гола. Од 2015 година, Коман е дел од француската репрезентација. Баерн е лидер со 43 бода од 17 натпревари на табелата во Бундеслигата.