Барса нема да го откупи Австриецот Јусуф Демир

Австрискиот млад напаѓач Јусуф Демир важи за голем талент, но најверојатно веќе го изигра последниот меч за Барселона.

Причината за тоа се крие во интересната клаузула која ја има во неговиот договор. Како што е познато 18-годишниот Демир е сопственост на Рапид Виена и игра на „Камп Ноу“ како позајмен фудбалер.

Во договорот помеѓу двата клуба има клаузула според која Каталонците се задолжени да го откупат талентот за 10 милиони евра, доколку Дамир одигра 10 меча за Барселона. Во моментов тинејџерот има одиграно 9 меча во сите натпреварувања за Барса, но поради финансиската ситуација клубот одлучи да не го откупува и нема да плати 10 милиони евра.