Ливерпул повторно комплетен на тренинзите
Фудбалерите на Ливерпул кои имаа проблеми со Ковид-19, повторно им се вратија на тренинзите.
Вирџил ван Дајк, Кертис Џонс и Фабињо добија дозвола за тренинг со останатите играчи од екипата, откако добија негативни тестови на последните тестирања.
Единствено Тиаго Алкантара е сеуште во карантин, но и тој се очекува да продолжи со тренинзите во текот на викендот.
Претходно, натпреварот на Ливерпул против Лидс кој требаше да се игра на Боксинг деј беше одложен и следен меч кој ги очекува „црвените“ ќе биде на 28.декември против лестер.