Тухел за Лукаку:Секогаш постои пат за назад
Тренерот на Челзи, Томас Тухел, после ремито од 2:2 во дербито на 21.коло од Премиер лигата, даде одговори во врска со статусот на Ромелу Лукаку во екипата.
Белгискиот напаѓач не беше во конкуренција за настап на дуелот против Ливерпул, заради контроверзното интервју кое пред неколку денови го даде за италијански медиум, меѓутоа тренерот Тухел потврди дека ќе има состанок со Лукаку.
„Дали има враќање за Лукаку во Челзи? Тој е наш и играч, секогаш постои пат назад. Тоа ќе го расчистиме зад затворени врати. Штом донесеме решение и Ромелу го слушне тоа, тогаш и вие ќе дознаете, а не порано. Сега не е време да разговараме за тоа. Стрпете се уште малку и ќе имате информации“, изјави Тухел пред новинарите.
29-годишниот Лукаку во изјава за Скај Спорт Италија изрази незадоволство од тактиката на Тухел и од својата улога во тимот на Челзи. Притоа изјави дека му недостасува Интер и би сакал да повторно да се врати во Италија.