На повидок е трампа Дембеле – Марсијал

Според пишувањата во повеќе фудбалски портали, на повидок е трампа на играчи помеѓу Манчестер Јунајтед  и Барселона.

Имено, од фудбалскиот клуб Барселона се спремни да го понудат Усман Дембеле во замена за напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсијал.

Двајцата репрезентативци на Франција би ги смениле клубовите овој јануари. Марсијал претходно најави дека не е задоволен од својата минутажа во екипата која ја води Германецот Ралф Рангник. За него имаше шпекулација дека најзаинтересирана е Севиља.

Усман Дембеле веќе подолг период е во преговори со Барселона за продолжување на договорот, меѓутоа раководните лица на тимот од „Камп Ноу“ не се подготвени да ја платат високата плата која ја побарал менаџерот на играчот.

Тренерот Рангник е голем фан на Дембеле уште од периодот кога тој настапуваше во Бундеслигата за Борусија Дортмунд.

Наредниве денови се очекува дали оваа трампа навистина ќе се реализира.