Лапорта: Работиме на градење врвен тим

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, изрази оптимизам за идниот развој на клубот кој веќе подолго време работи во услови на финансиска криза. Каталонскиот клуб денес и официјално го претстави Феран Торес како ново засилување на екипата, за кого ќе платат 55 милиони евра.

„Барселона се враќа во живот и тоа е факт!Работиме на градење врвен тим“, изјави Лапорта при презентацијата на Торес.

Претседателот на клубот одговори и на прашање за можен трансфер на Ерлинг Халанд.

„Се е можно ако ги одиграме нашите карти правилно и сигурен сум дека ќе го направиме тоа. Големите играчи се подготвени да дојдат во Барса. Дефинитивно започнавме да го враќаме статусот на водечки клуб. Сите во светот мора да се подготват бидејќи се враќаме на пазарот како големи играчи. Постојано велам дека Барса е глобален бренд и играчите сакаат да го носат нашиот дрес“, заврши Жоан Лапорта.