Лапорта: Барса се враќа на пазарот и ќе конкурира за големите светски ѕвезди
Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта е оптимист за иднината на клубот и верува дека Каталонците наскоро ќе се вратат на старите патеки.
Новинарите го запрашаа Лапорта дали Барселона има можност да го ангажира Ерлинг Халанд. Од Лапорта немаше конкретен одговор, но најави подобри времиња за Барселона.
„Работиме напорно за да создадеме силен тим. Многу работи се можни ако работиме како што треба, сигурен сум дека ќе успееме. Целиот свет нека се подготви, Барселона се враќа на трансфер пазарот како голем играчз“, изјави Лапорта.
Инаку, Барселона денес го претстави засилувањето од Манчестер Сити, Феран Торес кој пристигна во клубот за 55 милиони евра.