Силва доби нов едногодишен договор со Челзи

Тиаго Силва минатото лето пристигна во Челзи и веднаш се етаблираше во клучна фигура во одбраната на „сините“. Бразилецот во првата сезона ја освои Лигата на шампиони, а и оваа сезона е еден од најдобрите фудбалери во тимот.

Поради тоа Челзи му понуди нов договор, а денес Тиаго Силва стави потпис на нов договор до јуни 2023 година.

Со тоа Бразилецот ќе остане на „Стенфорд Бриџ“ и следната сезона и ќе  биде во форма за Светското првенство во Катар во 2022 година.

„Да се игра за Челзи е вистинско задоволство, никогаш не помислував дека ќе останам три години во овој голем клуб. Ќе продолжам да го давам максимумот за клубот и за навивачите, кои ме пречекаа фантастично“, изјави 37-годишниот Силва.