Бонучи под знак прашалник за дерби дуелот со Наполи
Леонардо Бонучи е под знак прашалник за претстојниот натпревар на Јувентус против Наполи кој се игра во четврток
Ова ќе претставува проблем за тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри, кој ќе мора да ја промени одбранбената линија во екипата, бидејќи за настап не е достапен и Џорџо Кјелини кој има позитивен ковид тест и е во изолација.
Според информациите од Јувентус, Бонучи неодамна пријавил замор и болки во мускулот од ногата, но после прегледите од лекарскиот тим не била откриена значајна повреда. Неговата состојба ќе се следи секој ден, но големи се шансите тој да не го започне натпреварот против тимот од Неапол за да се избегне евентуално влошување на проблемот.