Алегри: Мората останува во Јувентус, Ремзи може да го напушти клубот

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри ги демантираше шпекулациите дека Алваро Мората е пред трансфер во Барселона и стави јасно до знаење дека тој останува во Торино.

„Веќе имав разговор со Алваро и му кажав дека тој останува тука и нема да го напушти Јувентус, и таа тема е веќе затворена“, изјави Алегри.

„99 проценти од нашиот сегашен тим ќе биде ист за продолжението на сезоната, додека дозвола за заминување од клубот има само Арон Ремзи“, истакна тренерот на „Старата дама“.