Џенова и Пандев добија нов тренер

Фудбалскиот клуб Џенова, за кој настапува и нашиот поранешен репрезентативец Горан Пандев, за нов тренер на екипата го назначи Германецот Александер Блесин.

48-годишниот Блесин, во тимот од Серија А, пристигна од белгискиот Остенде. Претходно тој беше тренер во младинските категории на Лајпциг.

Џенова остана без тренер после отказот кој му го врачи на Андриј Шевченко кој не успеа да постигне позитивни резултати со екипата која се бори за опстанок во лигата.

Договорот помеѓу Џенова и новиот тренер Александер Блесин е со важност до 2024 година.