Чеферин: Нема да дозволам Мундијал на секои две години
Џани Инфатино и ФИФА немаат намера да се откажат од идејата за Мундијал на две години и покрај тоа што има негодувања од Европа и Јужна Америка.
Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин уште еднаш порача дека нема да дозволи такво нешто. Од моментот кога оваа идеја се појави во јавноста УЕФА и Чеферин цврсто се против. На нејзината страна застанаа КОНМЕБОЛ, но и главните фудбалски здруженија, клупската ЕКА, ФИФПро, здружението на клубови ЕФЛ…
„Идејата за Мундијал на две години е против фудбалот. Тоа е против спортскиот дух. Затоа тврдам дека Светско првенство на две години никогаш нема да има“, изјави Чеферин.