Сенегал подготвен за титулата во Африканскиот куп на нации
Селекторот на репрезентацијата на Сенегал, Алиу Сисе се надева дека ќе го освои Африканскиот куп на нации во неговиот трет обид.
45-годишниот Сисе досега има две неуспешни финалиња со Сенегал на турнирот, едното како фудбалер во 2002 година и второто како селектор во 2019 година, кога Сенегал загуби од Алжир со 0:1.
Во обидот да дојде до трофејот, Сисе денес во финалето ќе се сретне со селекцијата на Египет.
„Имам исклучителен тим. Со овие момци работам шест години и за прв пат имам комплетна екипа со менталитет и карактер“, изјави Сисе.