Германката Пехштајн испиша историја со настап на својата деветта Олимпијада
Германката Клаудија Пехштајн стана највозрасната жена која некогаш настапила на едни Зимски олимписки игри.
49-годишната натпреварувачка во брзо лизгање се појави во трката на 3.000 метри во Пекинг, со што стана само вториот спортист, а првата жена, која осум пати се натпреварувала на Зимски Олимписки Игри. Пехштајн, која освои девет олимписки медали во кариерата, се изедначи со јапонскиот ски-скокач Нориаки Касаи по бројот на настапи на Зимските олимписки игри.
Интересно е тоа што Клаудија Пехштајн ќе наполни педесет години два дена по завршувањето на ЗОИ во Пекинг, трката ја заврши за 4:17.16 минути, што е речиси 20 секунди побавно од олимпискиот рекорд (3:57.70), кој сè уште го поседува од Игрите во Солт Лејк Сити во 2002 година. Пехштајн своите први медали ги освои на ЗОИ во Лилехамер во 1994 година.