Никола Калиниќ се врати во Хајдук
Хрватскиот напаѓач Никола Калиниќ се врати во Хајдук од Сплит. 34-годишниот голгетер го раскина договорот со екипата на Верона и ја напушти Серија А.
Калиниќ е поранешен играч на Хајдук кој во 2009 година беше продаден на Блекбурн за 7 милиони евра. Од таму неговата кариера продолжи во Днипро, Фиорентина, Милан, Атлетико Мадрид, Рома и Верона.
Во оваа сезона одигра 14 натпревари во Серија А, постигнувајќи 4 гола.
Неговото враќање во Хајдук сигурно ќе помогне во обезбедување подобар пласман на екипата која сега се наоѓа на четвртата позиција во домашната лига.