Камерунецот Абубакар најдобар стрелец на Купот на Африка
Камерунскиот напаѓач Винсент Абубакар ја доби наградата за најдобар стрелец на Африканскиот куп на нации. Напаѓачот на домашната репрезентација турнирот го зарши со 8 гола.
Во натпреварот за третото место, репрезентацијата на Камерун го совлада Буркина Фасо во пенал рулетот, а токму 30-годишниот Абубакар постигна два гола за неверојатен кам-бек на неговиот тим.
Во својата досегашна кариера во дресот на Камерун, Абубакар има 33 гола и шест асистенции на 82 натпревари.