„Најк“ му откажа љубов на Гринвуд по скандалот

Брендот за спортска опрема – „Најк“ се откажа од спонзорство на фудбалерот на Манчестер Јунаутед, Мејсон Гринвуд.

Напаѓачот на англискиот состав е уапсен под сомнение за сексуален напад и смртни закани. Гринвуд (20) беше ослободен со кауција минатата недела и засега е под истрага.

Раководството на „црвените ѓаволи“ веднаш го суспендираше играчот додека трае целиот процес. Гринвуд имаше договор со американскиот производител на опрема до летото во 2025 година.