Бруно Гимараеш: Дојдов во клуб кој наскоро ќе се бори за трофејот од ЛШ

Њукасл со богатите сопственици се обидуваше да доведе поголема ѕвезда во зимскиот преоден рок, но сепак не успеаа, поголемиот дел од фудбалерите го одбиваа амбициозниот премиерлигаш.

Еден од оние меѓу кои прифатија да играат за Њукасл е Бруно Гуимараеш од кого се очекува да биде и најголемо засилување за овој тим. За него Њукасл плати 40 милиони евра на француски Лион.

За англиските медиуми Бразилецот откри како го убедиле да ја прифати понудата.

„Во преговорите сопствениците беа искрени со мене. Размислував и на крајот одлучив да дојдам тука. Во овој момент главната цел е да се избориме за опстанок, а во наредните сезони не само што ќе се бориме за настап во ЛШ, туку целта ќе биде да го освоиме тој трофеј“.

Пред да ја прифати понудата разговарал со сонародниците Тијаго Силва, Габриел Жесус и Алекс Телеш кои имаат искуство со играње во Англија.

„Клубот има фантастични фанови, во разговорите моите сонародници ми кажаа колку им е тешко да гостуваат на Њукасл. Ви тврдам дека ќе прераснеме во голем клуб. Њукасл е клуб со убава историја и голема традиција, а сега има и светла иднина. Овој дрес во минатото го носеле многу славни имиња“, изјави Бруно.